„Скопје сити мол“ официјално се отвора на 4 октомври

Од:

Новиот трговски центар „Скопје сити мол“, официјално ќе биде отворен на 4 октомври. Информацијата беше потврдена на официјалната интернет страна и на нивниот фејсбук профил.

На терен може да се види дека во тек се завршните работи на објектот со вкупна површина од околу 100.000 метри квадратни.

„Скопје сити мол“, покрај продавници, ќе обезбедува и простор за забава, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено 3Д-кино со девет сали за проекции.

Од вкупно 150 брендови-закупци во „Скопје сити мол“, 40 се интернационални, кои прв пат влегуваат во земјава, а останатите мигрираат од другите трговски центри.

Трите најголеми закупци на трговскиот центар од 90 милиони евра се интернационалните брендови „Carrefour“, „Inditex“ и „Cineplexx“, а со неговото отварање ќе се овозможат 2200 работни места за македонските граѓани.

Изградбата на најголемиот трговски центар на Балканот чини 70 милиони евра.

Овој модерен и современ центар, според сите очекувања ќе ја стави Македонија на мапата највозбудливи шопинг-дестинации во регионот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош