ВИДЕО: Узбуна во Јапонија, се заканува тајфунот Неогури

Од:

 Јапонскиот остров Окинава се соочува со тајфунот Неогури. Поради ветерот што се движи со брзина од 250 километри на час половина милион луѓе се евакурани, училиштата се затворени, а летовите се откажани.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување од највисок степен поради тајфунот Неогури.

– Постои опасност од силни ветрови и обилни дождови, затоа им се препорачува на граѓаните да се воздржат од престој на отворено. Тајфунот може да предизвика и бранови високи 14 метри, се наведува во предупредувањето од Јапонсаката метеоролошка агенција.

Тајфунот Неогури во 12 часот по локлано време се движеше со брзина од 25 километри на час со удари од 252 километри на час.

Во невремето засега е повредена само една жена, а еден рибар се води како исчезнат. Повеќе од 50.000 домаќинства се без електрична енергија, а прекината е работата на нафтената рафинерија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови