Министерот за економија и финансии на Аргентина Аксел Кисилов побара именуваниот од судот преговарач Даниел Полак да го продолжи крајниот рок за исплата на долгот кон кредиторите, што според Буенос Аирес може да доведе до банкрот на земјата.
Кисилов се сретна со Полак во Њујорк со цел да биде решен спорот со американските кредитори за долгот во висина од 1,5 милијарди долари.
Аргентина треба да постигне договор со кредиторите до крајот на месецот, доколку сака да избегне банкрот.