ФОТО: Инцидент во Град Скопје – за малку ќе се степаа советници на ДУИ и ДПА

Од:

Двајца советници за малку ќе се степаа на денешната седница во Град Скопје, од спротивните табори на албанските партии ДУИ и ДПА.

Идриз Орана од ДПА ненадејно, за време на седницата, стана од столчето и почна да му упатува закани на албански јазик на советникот од ДУИ, Алајдин Алија, пренесе Плусинфо.

Претседавачот на Советот, Ирена Мишева, се обиде да ја смири тензијата и прогласи пауза од 30 минути, но не го смири гневот на советникот, кој тргна физички да се пресмета со својот колега. До поголем инцидент сепак не дојде, затоа што останатите советници застанаа помеѓу нив и успеаја да ги разделат.

Орана беше принуден да излезе надвор, а додека излегуваше продолжи да му се заканува на советникот од ДУИ. Повторно се обиде да предизвика конфликт кога влезе во салата од друга страна, но советниците уште еднаш го задржаа.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски