Отворен скејт-парк на Kејот на реката Вардар во Скопје

Од:

Нов скејт-парк, направен според сите европски стандарди, е отворен на Кејот на реката Вардар во Скопје. Скејт паркот е целосно финансиран од буџетот на Град Скопје и неговата вредност е околу 200.000 евра. Скејт-паркови се предвидени во Програмата на Владата и во Програмата на Агенцијата за млади и спорт и треба да се направат и во Охрид, Битола, и во други градови.

– Пред околу две години, некаде во 2012 година на Ден на идеи пристигна една личност која што даде идеја за изградба на еден ваков скејт-парк и образложи зошто е сето тоа потребно, дека многу луѓе го користат и дека во Република Македонија нема соодветен согласно стандарди и димензии кои се меѓународно утврдени. Се обратив до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, до Агенцијата за спорт и млади и еве проектот е реализиран, истакна премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на отворањето на скејт паркот.

Градоначалникот Трајановски рече дека димензиите на скејт-паркот се 15 метри во ширина и 50 метри во должина.

– Во тој простор има девет справи, ограден е со ограда која е на задоволителна висина. Има осветлување кое овозможува паркот да се користи и во ноќните часови. Задоволството кај младите е огромно, за оние кои сакаат малку адреналински спортови. Овој скејт-парк е во Изборната програма за 2014 година. Онака како што ветивме и како што планиравме тоа го остваруваме. Скејт-паркот е правен заедно со професионалци кои користат скејт-паркови и нивните сознанија, контакти и нивната умешност придонесува тој да биде направен и на нивно задоволство, посочи Трајановски.

Со ова на младите од Скопје и од другите градови, како што рече, ќе им се овозможи што повеќе да вежбаат, се усовршуваат и се разонодуваат за да може да учествуваат и на натпревари надвор од Македонија.

– Во вечерните часови и во текот на денот тука ќе има инструктори кои ќе се грижат за скејт-паркот и ќе им даваат совети на оние кои почнуваат со овие активности. Скејт-паркот овозможува три вида забава-со ролерки, скејтборди и со ГМХ велосипеди. Оваа локација сметам дека е една од најсоодветните во Скопје за ваков вид забава, додаде Трајановски.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски