Обновени фасадите на два објекти на булеварот „Илинден“

Од:

Стручните екипи на Конзерваторскиот центар-Скопје завршија со обновата на фасадите на два објекта лоцирани на булеварот „Илинден“. Оваа активност беше превидена во рамки на повеќегодишниот проект на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава.

Како што информира Министерството за култура, изведени се конзерваторско-реставраторски интервенции на објектите со број „41“ и „63“ лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои, како што се наведува, претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна.

– Објектите кои имаат станбено-деловна намена се изградени во периодот меѓу двете светски војни, а поради своето впечатливо архитектонско решение имаат третман на споменично наследство и токму поради тоа беа реставрирани во автентичен стил, стои во соопштението.

Националната установа Конзерваторски центар-Скопје ги изработи и проектите за конзервација и реставрација на зградите со број „68“ и „80“, исто така лоцирани на булеварот „Илинден, по што во следниот период ќе пристапи кон нивна реализација.

Во рамки на проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава, до 2017 година е предвидена интервенција на 250 фасади од значајните споменични целини. Конзерваторскиот центар-Скопје во изминатиот период ја заврши обновата на фасадата на објект лоциран во Старата скопска чаршија.

Заводите за заштита на културното наследство и конзерваторските центри, како активни чинители во спроведувањето на овој проект, годинава реализираа проекти за обнова на фасади на староградските куќи во Охрид, Гевгелија, Крушево, Кратово и Кичево.

Би можело да ве интересира

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски