Бројот на Швајцарците кои работат четири дена во неделата се зголемува од година во година. Во последните 20 години бројот на вработените во Швајцарија со полно работно време е намален од 73 на 64 отсто, пренесе весникот „20 минит“.
Една од основните причини поради која Швајцарците се почесто се одлучуваат за работи со скусено работно време е можноста да не работат во петок и да имаат на располагање продолжен викенд за одмор и рекреација.