Австралиската Влада денеска потврди дека на властите на Шри Ланка им предала брод со 41 азилант.
Примопредавањето на море предизвика критики од австралиските групи за заштита на човековите права.
Австралискиот министер за имиграција Скот Морисон изјави дека австралиската гранична патрола пресретнале граѓани на Шри Ланка во близина на Кокосовите Острови во Индискиот Океан и оти вчера тие се предадени на властите на Шри Ланка откако биле одбиени нивните барања за азил.
Првпат Владата на премиерот Тони Абот призна дека потенцијални азиланти вратила директно во матичната земја.
Досега бродови со азиланти од Авганистан, од Иран, од Шри Ланка и од други земји вратени се во Индонезија.