Романот „Зад аголот“ на Томислав Османли ќе биде објавен во Турција

Од:

Романот „Зад аголот”, најновата книга на Томислав Османли, идната година ќе биде објавен во Турција во издание на „Есен Китап” од Истанбул, во тираж од 3.000 примероци.

– Многу сме среќни и нестрпливи да го видиме ова книжевно дело објавено на турски. Ова е инаку првпат да објавуваме книга на автор од Македонија. Цел на „Есен Китап“ е да објавува книжевни дела од сите јазици, под заеднички нслов „Литература на светот“…, истакна Нихал Инвер, уредничка на „Есен Китап”.

Романот „Зад аголот” беше објавен во 2012 во издание на „Магор“. Се работи за прозна книга со сложена градба и динамичка, речиси филмска нарација во чии рамки се развиваат девет приказни, и хронотоп кој има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка, со фокус на 1999 година, симболички последната година на стариот век и епоха.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери