Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси со денешниот најнов декрет ја зголеми акцизата на цигарите за 50 и на алкохолот за 200 проценти.
Египетскиот претседател денеска ја соопшти савојата најнова одлука, што се додаде на серијата неодамнешни декрети чија цел е заздравување на буџетскиот дефицит, јавија американските медиуми.
Претседателот Абдел Фатах ел Сиси, поранешен командант на армијата кој минатиот месец беше изабран на новата функција, во предизборната кампања ветуваше дека ќе донесе тешки одлуки за да ја заздрави забавената економија.
Овој викенд, египетскиот лидер, исто така, делумно ги укина субвенциите за горивото, политички чувствително прашање кое сите претходни претседатели намерно го одбегнуваа.
Во Египет, каде речиси околу 50 отсто од популацијата живее во сиромаштија, на државни субвенции за енергенсите и основните прехранбени производи „се троши“ четвртина од буџетот, наведуваат американските медиуми.