А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за двајца скопјани осомничени за продажба на дрога

by А1он06/07/2014 - 14:50117
Share0

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основното Јавно обвинителство Скопје ги предаде Д.С. (26) и Г.Ѓ. (44) од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на уживање“.

Следете a1on на Instagram Instagram

За сторените кривични дела од страна на судија во претходна постапка им е одреден мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска МВР.

Единицата за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА, по добиеното сознание дека дека двајцата пријавени во подрумски простории на ул. „Народни Херои“ во скопска Кисела Вода, продаваат и овозможуваат уживање на наркотични и синтетички дроги, превзеле интензивни мерки и активности за обезбедување на материјални докази.

Д.С. во текот на мај годинава од засега непознато лице, набавил поголема количина марихуана, кокаин и таблети екстази. Така набавената дрога, заедно со Г.Ѓ. ја препакувале за улична продажба и ја чувале во подрумска гаража на ул. „Народни Херои“ сопственост на Г.Ѓ., од каде ја продавале на уживатели, но им овозможувале и нивно уживање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Постапувајќи по добиените сознанија, а во консултација со судија од претходна постапка, Единицата за недозволена трговија со дрога и „АЛФИТЕ“, превзеле оперативно мерки и активности при што во близина на подземната гаража на Г.Ѓ. се забележани повеќе лица како влегуваат и излегуваат од гаражата. Од страна на полициските службеници, во просторот пред гаражата се легитимирани пријавените, како и  седум други лица, кои биле затекнати таму и над сите е извршен личен преглед, а од подот каде биле затекнати се пронајдени седум отпушоци од рачно направени цигари мешавина од марихуана и тутун.

При извршениот преглед кај Д.С. се пронајдени 3,4 грама кокаин, спакувани во осум паковки,  65 таблети екстази со лого „Мајмунче“, 7,3 грама марихуана спакувана во четири зипер кесички и една рачно направена цигара мешавина марихуана со тутун.

По  ова сите лица се лишени од слобода и приведени во службените простории на ЕНТ, каде од истите е земена урина за анализа за утврдување на пристуство на наркотична дрога, при што од извршената анализа кај сите  се детектирани метаболити од тетрахидроканабинол – психоактивна супстанца што ја содржи марихуаната.

Со писмена наредба од судија на претходна постапка, извршени  се претреси во домовите и други простории на пријавените, при што  во гаражата, сопственост на Г.Ѓ., пронајдени се и одземени  925,7 грама марихуана спакувана за улична продажба во 300 зипер кесички и една таблета екстази. Инаку, Д.С. е регистриран сторител на кражби во моторни возила на подрачјето на општина Кисела Вода, за што во периодот 2005/2006 година му се поднесени четири кривични пријави.

mvr

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео