ФОТО: Град Скопје ги исече липите на Железничка

Од:

Град Скопје утринава околу 6.00 часот ги исекоа липите од едната страна на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“), како дел од проширувањето на улицата, објави Радио МОФ.

lipi-zeleznicka

„Оваа улица треба да се прошири и повторно да стане двонасочна, за да го преземе сообраќајот од Јужниот булевар, кој ќе биде затворен поради изградба на подземна сообраќајница.

lipi-zeleznicka1

Дрворедот од левата страна, во правец на Кисела Вода, настрада по речиси целата должина – од приклучокот кај Рамстор и Клиничкиот Центар, до средното фискултурно училиште. Изминативе неколку години, поради градежни зафати е исечен голем дел од дрвјата во центарот на Скопје, а експертите велат дека ова е еден од факторите кои влијаат на се поголемото загадување на воздухот во главниот град“, пренесе Радио МОФ.

lipi-zeleznicka2 lipi-zeleznicka3 lipi-zeleznicka5

 

ФОТО:Радио МОФ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он