Египетски суд денеска ги осуди лидерот на „Муслиманско братство“, Мохамед Бадија, и 36 други исламисти на доживотен затвор заради поттикнување кон насилство по ланското соборување од власта на претседателот исламист Мохамед Морси, пренесоа светските агенции.
Бадија, кој е во затвор, веќе е осуден на смрт за две други кривични дела. Нему му се суди и за уште неколку други кривични дела, заедно со останатите водечки фигури од „Муслиманско братство“ – движење кое е забрането во Египет.
Судот, кој на Бадија му ја определи казната доживотен затвор, воеено ги потврди смртните казни за други 10 обвинети за истото кривично дело.