Во средните училишта во Кавадраци се уште има слободни места и по второто пријавување од првиот уписен рок, кога беа на располагање 782 места.
– Со двете пријавувања не се потполнети сите места во средните училишта во Кавадарци. Во гимназијата „Добри Даскалов” од предвидените 238 места за упис има потполнето вкупно 193. Во гимназискиот смер се запишале вкупно 131 ученик, а слободни има уште 39 места. Во економско техничкиот смер од предвидените 34 ученици се запишале 28, а има уште 6 слободни места. Правниот смер во ова училиште е пополнет, информираат од локалната самоуправа Кавадарци.
Во земјоделско шумарското средно училиште „Ѓорче Петров” во Кавадарци од предвидени вкупно 272 места за упис на средношколци има вкупно 223 слободни места за вториот уписен рок. Во земјоделско ветеринарната струка има 121 слободно место, а во шумарско-дрво преработувачката струка има 102 слободни места.
Во СОУ „Киро Спанџов Брко” од предвидените 272 слободни места пополнети во првиот уписен рок се само 89 места. Слободни места има уште 183 и тоа во машинската струка има 22 слободни места, за автотехничар 18, автомеханичар бравар 21, електро техничка струка 122 слободни места.
Вториот уписен рок е на 21 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 22 август. Во училиштата во кои и по вториот уписен рок ќе има слободни места, ќе можат да се запишуваат ученици до 29 август.