Саудиска Арабија распореди 30 илјади војници на границата со Ирак, откако ирачките војници се повлекоа од регионот, јави саудиската телевизија Ал Арабија.
Сателитската телевизија, со седише во Дубаи, има видеоснимка, на која се прикажани околу 2.500 ирачки војници во пустински регион источно од ирачкиот град Кербала. Тие се снимени, откако ги напуштиле позициите и границите со Саудиска Арабија и Сирија останале незаштитени.
На 26 јуни, по седницата на Советот за национална безбедност, на која беше разгледана состојбата во соседен Ирак, саудискиот крал Абдула вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на Кралството од потенцијалните терористички закани.