Лукашенко: Белорусија е подготвена да се брани рамо до рамо со Русија

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера го увери рускиот колега Владимир Путин дека Белорусија е подготвена да се заштити рамо до рамо со Русија.

Двајцата претседатели присуствуваа на отворањето на музеј на Втората светска војна во Минск во пресрет на 70-годишнината од ослободувањето на Белорусија, која тогаш била дел од СССР, од нацистичка окупација.

– Присуството на рускиот претседател симболизира пред се, дека ние сме заедно, како што досега бевме заедно и како и што ќе бидеме, истакна Лукашенко во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад