Собранието треба да ја продолжи седмата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи седмата седница на чиј дневен ред се извештаи на повеќе државни институции за работата во 2013 година.

Пратениците треба да ги разгледаат извештаите за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Агенцијата за администрација за 2013 година, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер , на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2013 година, како и на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2013 година.

Македонското Собрание треба да расправа и по извештаите за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на Агенцијата за електронски комуникации, на ЈРП Македонска радио телевизија, на Агенцијата за пошти за 2013 година и на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2013 година.

Парламентарците треба и да гласаат по Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија, за кој расправата заврши на вчерашното продолжение на седницата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски