инистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Дојран изврши увид во градежните активности за уредувањето на градската плажа на Дојранското езеро.
Се уредуваат плажата, шанковите, игралиштата, просторот за деца, тоалетите и платформата на вода.
Сите активности треба да бидат готови до средината на месецов, со цел подобрување на туристичката понуда на Дојран.
– Околу 15-ти јули ќе завршат градежните работи иако согласно договорот требаше да завршат до крајот на месецот. Јас повторно ќе дојдам и во наредниот период за да бидам во тек со работите бидејќи има доста отворени прашања кои ги решаваме во од со цел Дојран да добие една одлична плажа која ќе донесе голем број домашни, но и странски туристи, изјави министерот Јанакиески.
За десетина дена ќе почне изградбата на нова плажа и во Преспа.
Наскоро, најави Јанакиески, ќе се објави повик за проект и идејно решение за нова плажа во Охрид.