(ВИДЕО) Амди Бајрам: Роза да биде потпретседател на Собранието

Од:

Третиот потпретседател на Собранието кој е резервиран за пратеник на опозицијата да биде Роза Топузова – Каревска или да биде избран од редовите на ДПА, побара на денешната собраниска седница пратеникот Амди Бајрам.

– Имам потполна доверба во именувањето на Милошоски. Меѓутоа, имам една забелешка. Денеска бираме потпретседатели на Собранието, опозицијата ја нема, нејзините места се празни. Јас мислам дека потпретседателот од опозицијата треба да го одбереме од оние кои се присутни во Парламентот. Нема веќе кого да го чекаме и да му се додворуваме тука во Собранието. Треба да знаеме дека оваа опозиција со сила не можеме да ја донесеме. Ние треба да си ја водиме државата и да работиме. Затоа да одбереме од оваа присутна опозиција и да почнеме да работиме како што треба – изјави Бајрам.

Денеска, Собранието ги избра пратениците Антонио Милошоски и Рафиз Алити за нови потпретседатели во Собранието.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги