Фудбалската ѕвезда Горан Пандев, денеска заедно со сопругата Надица, синот Филипо, ќерката Ана и најблиските пријатели, со поставување камен-темелник и официјално започна да го гради Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.
Хотел со 10 апартмани, 40 соби, СПА-центар, теретана, сауна, турска бања, соблекувални, терен со вештачка трева и трибина за 350 посетители, вака го опиша новиот Спортски центар, Горан Пандев, во кој ќе растат и ќе тренираат голем број нови генерации не само од Струмица, туку и од целата држава.
http://www.strumicanet.com