ФОТО: Уништена цветната фигура паун во Парк Македонија

Од:

Во неделата во вечерните часови во Паркот Македонија на булеварот Теодосиј Гологанов, дежурните работници на ЈП „Паркови и зеленило“ констатирале големи оштетувања на цветната фигура паун.

Од цветната фигура, односно од делот на опашката на паунот, бил украден цветниот расад, а исто така недостигала и земјата во којашто беа засадени цвеќињата.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на вчерашниот ден ги пополнија празните места со земја, а во наредниве денови ќе засадат нови цвеќиња.

Градот Скопје повторно апелира до граѓаните да не ги оштетуваат цветните фигури и да не ги уништуваат цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот.

Osteten paun vo Park Makedonija (2)

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски