Кривична пријава за А.А. од Горно Строгомиште осомничен за „убиство во обид“

Од:

Полициската станица од Кичево против А.А. (55) од кичевското село Горно Строгомиште поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“. На А.А. му е одредена мерка притвор до 48 часа.

На 28-ми минатиот месец, пријавениот со намера да го лиши од живот, испукал еден куршум кон И.С. од селото Зајас нанесувајќи му тешка телесна повреда огнострелна рана во пределот на левата надколеница. Настанот се случил околу 12 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево каде откако се сретнале, дошло до жестока меѓусебна расправија и физичка пресметка по што А.А. извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што го поседувал со одобрение и испукал еден куршум. Набрзо потоа, тој е приведен во полициската станица во Кичево.

На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Гостивар и полициски службеници и полициски службеници од полициската станица од Кичево. Притоа пронајден е пиштолот како и една чаура огнено оружје кои се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи