Милошоски и Алити предложени за потпретседатели на Собранието

Од:

Антонио Милошоски и Рафиз Алити се предложени за потпретседатели на Собранието, додека третото потпретседателско место ќе биде дополнително пополнето поради неучеството на опозицијата во работата на Парламентот.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на седница ги утврди предлозите што ќе ги достави до Собранието. Се очекува одлуката да биде донесена на утрешната седница на Парламентот.

Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски посочи дека поради неучеството на опозицијата во работата на Парламентот дополнително ќе биде предложен третиот потпретседател на Собранието.

Пратеничката Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со ваквиот избор на потпретседатели на Собранието на Република Македонија на меѓународната јавност и на граѓаните им се испраќа една многу силна порака и јасна слика за нашата определба како мултиетничко општество.

– Имаме искусни кандидати за потпретседатели што само ќе значи сигурност дека ќе се продолжи во континуитет со реализирањето на сите обврски и задолженија во Собранието и тие ќе имаат придонес во ефикасноста, ефективноста и квалитетот на работата, смета таа.

Оставањето место за кандидатот на опозицијата, според неа, покажува дека Собранието води сметка за застапеноста на сите политички партии согласно Деловникот.

– Искрено се надевам дека опозицијата за брзо време ќе се консолидира во поглед на тоа дека ќе најде конструктивен пристап да се врати назад во Собранието, да биде конструктивна опозиција и да ги застапува интересите на оние граѓани кои гласаа за нив и од кои го добија легитимитетот, изјави Затуровска. Време е, додаде таа, да се извлече наравоучение од сите досегашни изборни циклуси во континуитет.

Комисијата денеска донесе одлука за составот на Националниот совет за евроинтеграции, но со празни места за опозициските пратеници. Според тоа, претседателското место е празно, додека за потпретседател е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски