Се асфалтира локалниот пат Облешево-Чифлик

Од:

Градежна механизација  десетина дена работи на локалниот пат од Облешево до Чифлик кој се очекува да биде асфалтиран.

– Патот кој го градиме и досега го користеа жителите на двете населени места посебно за пазар и мегусебно поврзување. Носител на проектот е општината Чешиново-Облшево. Патот е во програмата за локален еконоски развој и поврзување на населените места. Должината на патот е 1.600 метри а асфалтниот слој ќе биде со широчина од 3,5 метри. За изградбата на патпот се очекува да се потрошат околу 20 милиони денари, средства од Европската банка за обнова и развој, информира Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново- Облешево.

Општината почна со поправка на уште неколку патни правци во полскиот дел  со цел подобра комуникација на жителите до своите ниви.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска