Премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе биде кандидатот на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателските избори во Турција во август, соопштија турските телевизиски канали НТВ и Си-Ен-Ен-Турк.
Кандидатурата на Ердоган официјално ќе беде соопштена денеска од заменик претседателот на Партијата на праведата и развојот Мехмет Али Шахин, на церемонија во Конгресниот центар на Анкарската трговска комора.
Шахин истакна дека кандидатурата на Ердоган е утврдена во процесот на консултации и е поддржана од сите пратеници на владеачката партија.
На церемонијата на прогласување на кандидатот на АКП за претседателските избори присуствуваат 4000 лица – поранешни и актуелни пратеници на АКП, министри, градоначалници, окружни претседатели на партијата и претставници на локални партиски организации, како и приближно 250 турски и странски новинари.
Во конгресниот центар се засилени мерките за безбедност. Како помош на силите на редот им е придодадена и екипа од 180 чувари од министерскиот совет.
На денешната церемонија ќе биде претставена и презентација за 12-годишното владеење на АКП, за која е употребена специјална 3Д технологија. Соддржината на програмата ќе се преведе на англиски и арапски јазик, прецизира НТВ.
Првиот круг од претседателските избори во Турција ќе се оддржи на 10 август, а на 24 август ќе има евентуален втор круг. Овие избори се први, на кои шефот на државата ќе се бира со директно гласање.
Пред кандидатурата на Ердоган свои кандидатури најавија уште двајца политичари, заедничкиот кандидат на Републиканско-народната партија и на Партијата на националистичкото дејствие, Екмеледин Ихсаноглу, и кандидатот на прокурдската Демократска партија на народите, Селехатин Демирташ.