Шведска: Многу митови околу имигрантите

Од:

Социјален туризам, криминални питачи и даночни средства кои се трошат за имигрантите наместо за пензиите. Ова се неколку од главните точки на листата на митовите околу имиграцијата што деновива ја актуелизира шведскиот министер за интегарција Ерик Уленхаг, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шведската Влада пред неколку години на својот сајт лансираше листа на највообичаени митови кои циркулираат кога станува збор за имигрантите и бегалците. – Ова е еден начин да се доближат сознанијата околу реалните состојби поврзани со имиграцијата. Постои голема волја во општеството за отпор кон расизмот и нетрпеливоста кон странците и јас сум уверен дека знаењето е клуч, вели министерот Уленхаг.

Според него, кога станува збор за слободното движење во рамки на ЕУ, често се смета дека станбува збор за социјален туризам, односно преселеување на граѓани од сиромашните во богатите земји-членки заради искористување и злоупотреба на социјални бенефити.

– Но кога нештата ќе се проанализираат малку подлабоко, а не само површно, се гледа дека нема основа за таков вид заклучоци, потенцира Ерик Уленхаг. Една друга точка во шведската владина листа на митови околу имиграцијата се однесува појавата на бројни питачи од сиромашните земји-членки на ЕУ во шведските градови, пред се Романија и Бугарија, и дека со нив управуваат организирани криминални банди.

– Станува збор за голем социјален проблем во цела Европа поврзан со крајно сиромашни луѓе, но не постои ништо конкретно што би укажувало дека питачењето се спроведува како организирана криминална дејност, вели шведскиот министер за интеграција, кој изразува уверување дека ваков вид информативни кампањи долгорочно резултираат со позитивни ефекти во однос на борбата против расизмот и етничката нетолеранција.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица