Осуммина нови пратеници на местото на министрите

Од:

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања денеска ги верификуваше мандатите на новите пратеници кои дојдоа на местата на премиерот и министрите.

На местото на Гордана Јанкулоска доаѓа Марија Ангелова, на местото на Никола Попоски ќе седне Алим Билали. Наместо Зоран Ставревски пратеничката функција ќе ја извршува Благородна Бојаџиева. На местото на Никола Тодоров доаѓа Ѓорѓи Коџабашиев, додека на местото на Диме Спасов докторот Андон Чебишев.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и го отстапува местото на досегашната потпретседателка на Собранието, Светлана Јакимовска, а Муса Џафери на Муса Ибраими. Фунцијата пратеник ќе ја извршува и Драган Донев кој доаѓа на местото на премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги