Две рачно изработени бомби експлодираа денеска пред претседателската палата во Каиро, соопштија извори од службите за безбедност.
При експлозијата загинал висок полициски функционер и биле повредени шест лица. Уште еден полицаец загинал при обид за отстранување на бомба, поставена пред претседателската палата.
Првата бомба рани тројца цивили, а втората експлодирала додека екипа деминери се обидувале да ја деактивираат. За време на експлозијата загинал полковник од полицијата и повредени се уште три лица, тврдат извори од полицијата.
Тие експозии го постигнаа врвот на првата годишнина од масовните протести, во кои милиони Египќани побараа оставка на претседателот исламист Мохамед Морс. По протестите беше извршен воен удар против Морси на 3 јули минатата година.