Ќе работат или залудно ќе потрошат 15.000 евра?

Од:

Дали и денеска 15.000 евра, народни пари ќе отидат во ветер, или ќе профункционира законодавниот дом?

Вчера спикеро Вељаноски не успеа да собере дво-третинско мнозинство, за да се гласа законот од европската агенда, Законот за следење на комуникации.

СДСМ и коалициските партии и ДПА и НДП,   цел ден беа  во Законодавниот дом, тука беа и дел, но не и цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери. ДУИ продолжи  со бојкотот и не влегува за гласање.

Опозицијата  револтирано реагираше  и праша  какви се игрите и зошто спикерот, пред  два  дена кога имаше повеќе од 90 пратеници наместо да го стави на гласање  Законпт за следење на комуникациите, ја прекина седницата.

„Крпа за бришење под го направивте Собранието, дрско, мизерно и безобразно, Цела СДСМ е тука, тука се и коалициските опозициски партнери, тука се и ДПА и НДП.  Каде се вашите пратеници, кај се пратениците кои ве седнаа во тоа столче, кои ја изгласа Владата? И тие ли  се кријат како вас. До каде ќе оди уништувањето? Не знаете да го водите Собранието.Уште еден ден од драмолетката сакате да купите.Сакам јавноста да види дека за вас законот  не вреди пет пари, за вас вредат  само фотељите.На пазар нема ваков пазар“, реагираше Игор Ивановски и побара точно да се каже колку пратеници од власта а колку од опозицијата има во салата.

Треба да продолжи и  седницата на Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред е Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. Расправата по овој Предлог-закон, членовите на Комисијата ја започнаа минатата недела а и денеска продолжува дискусијата на Талат Џафери од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот