Шестотини и осумдесет членови на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „Унит“ ги исполнуваат условите за отпис на долговите и неплатени комуналии.
Претседателката на Здружението Лилјана Ѓеорѓиевска информира дека дел од членовите на здружението не ги исполнуваат условите, бидејќи нивните сопружници имаат приходи.
– Најголем дел од нашите членови ќе побараат отпис на долгови направени за комуналии, електрична енергија и радиодифузна такса. Стечајците немаат земено кредити од банките, така што нашите членови немаат долгови по таа основа, рече Ѓеорѓиевска.
Од Здружението ” Унит”, информираат дека секој нивен член поединечно ќе поднесува барање за отпис на долговите, но дека како здружение ќе го следат процесот и ќе бидат во постојан контакт со надлежните институции.
– Ја поздравуваме оваа мерка, но сепак бараме од Владата да го прифати нашиот предлог-закон, за конечно да се реши нашиот статус и за да може редовно да си ги подмируваме нашите обврски, вели Ѓеорѓиевска.