Забрани за тешки товарни возила на државните патишта

Од:

Од утре, 1-ви јули, до 31-ви август, на државните патишта се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и во деновите со екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е – во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 и во недела од 9 до 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

Како што соопшти АМСМ, ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Од утре, на патниот правец Гостивар-Охрид, стапува во сила и ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони за време на викендите, во петок од 15 до 24 часот, сабота и недела 7 до 24 часот. Овој режим ќе важи до 1-ви септември годинава.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози