Ѓул нема да се кандидира за втор претседателски мандат

Од:

Турскиот престедател Абдула Ѓул денеска изјави дека нема да се кандидра за втор мандат, со што се отвора патот за кандидатурата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Ѓул, чиј мандат истекува на 28 август, ја соопшти својата одлука по денешната средба во Истанбул со премиерот Ердоган.

Турскиот претседател тврди дека го известил премиерот дека нема да се кандидира за втор мандат уште пред локалните избори што се одржаа во март.

Според статутот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) премиерот може да има само три мандати, а оваа е трет мандат на Ердоган.

Аналитичарите посочуваат дека Ердоган најверојатно во вторник ќе ја објави својата претседателска кандидатура.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ