Во Бугарија уапсени пет лица поради завера за дестабилизација на банките

Од:

Буграските власти денеска соопштија дека уапсиле три лица под сомнение дека ковале завера за дестабилизација на бугарскиот банкарски систем по пат на ширење на лажни информации за состојбите на комерцијалните банки во земјата.

Под исто обвинение вчера се уапсени уште две лица. Кривичната пријава е покрената откако голем број клиентите во петокот се обиделе да ги повлечат своите заштеди од втора по големина банка во Бугарија „Првата инвестициска банка“.

Бугарската Централна банка минатата недела ја презеде четвртата по големина банка „Корпбанка“, откако клиентите поттикнати од написите на интернет и во медиумите за сомнителното работење на банката, почнаа да ги повлекуваат своите заштеди.

Буграскиот премиер Пламен Орешарски, претседателот Росен Плевнелиев и претставници на Централната банка апелираа до бугарските граѓани да не паничат и да имаат доверба во интегритетот на бугарскиот банкарски систем.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална