Педесeт и деветти роденден на Општина Кисела Вода

Од:

Со целодневна програма денеска Oпштина Кисела Вода ќе одбележи 59 години од основањето.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ ќе додели ваучери за новороденчињата и награди за најуспешните основци од училиштата на територија на општината.

На свечена седница на Советот на општината, пак, ќе бидат доделени благодарници за луѓето и компаниите кои годинава биле заслужни за афирмирањето на оваа локална самуправа. Во паркот Шопен ќе се одржи концерт на Градскиот дувачки оркестар, а дел од програмата е и женско авторели, што општината го организира во соработка со женскиот Автофан клуб.

Во организација на Здружението на пензионери и Црвениот крст, во паркот Шопен, ќе се вршат бесплатни мерења на притисок и ќе се даваат бесплатни здравствени совети.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски