Најмалку 12 лица загинаа денеска при при два одвоени инциденти на уривање на згради во Индија.
Во првиот инцидент во индискиот главен град Њу Делхи се урна руинрана четирикатна станбена зграда, стара повеќе од 50 години.
Како што јави ДПА, при уривањето на зградата загинале 11 лица, меѓу кои има и пет деца. Спасувачките екипи од под урнатините успеаја да извлечат 14 преживеани.
Во вториот инцидент, неколку часа подоцна, се урна 12-катна зграда во изградба во градот Шенај во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду.
Спасувачките екипи од под урнатините успеаја да извадат 13 градежни работници, од кои еден подоцна в болница им подлегна на здобиените повреди.
Претставник на локалната полиција информира дека се претпоставува оти под урнатините има околу 50 работници.
Уривањето на згради во Индија не е невообичаена појава, првенстевно како последица на користењето неквалитетни материјали или непочитувањето на градежните планови. При уривање на станбена зграда во Мумбај лани во септември загинаа над 60 лица.