Регатата „Гемиџии“ трет ден низ Вардар

Од:

Велешката регата „Гемиџии“ низ Вардар денеска ја плови третата етапа од Демир Капија до село Марвинци.

– Регатата се одвива во најдобар ред со исклучок на вообичаени мали проблеми поради големиот водостој на Вардар, изјавија ррганизаторите на регатата од Општина Велес и Здружението на граѓани „Гемиџии“.

Тие по Вардар пловат веќе трет ден со десетина гумени чамци, дрвен сплав новоизработената дрвена гемија по примерот на онаа со која пловеле велешките трговци по Вардар до Солун пред сто и повеќе години.

Учесниците имаа голема голема логистичка подршка од копно од АРМ и МВР како и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Над сто и педесетте учесници во регатата вечерва ќе го имаат последниот логор кај селото Марвинци.Утре сабајле ќе ја запловат и последната етапа од регатата низводно Вардар од Марвинци до мостот под Гевгелија на самата граница со Грција.

Би можело да ве интересира

На регата во Грција загина французинката Ана Конончук

Едриличарска регата – Охрид 2017

Ана Ололовска

Во Вардар под Гевгелија заврши годинашната „Вардарска регата Гемиџии“

Наум Локоски

Тиквешка винска регата

Ана Ололовска