Викендов во Скопје детска забава со Маша, Медо и Влатко Илиевски

Од:

Издавачката куќа „Култура“ викендов во тенискиот клуб на хотелот „Александар Палас“ во Скопје организира дружење и фотографирање со палавата Маша и доброто мече Медо, ликови од руските краткометражни анимирани филмови „Маша и Медо“.

За време на настанот, ќе биде поставено и детско интерактивно катче, каде децата ќе можат да бојат, цртаат, учат да пишуваат, како и да се забавуваат на познати детски песнички.

Утре забавата ќе ја збогати и популарниот пејач и долгогодишен водител на детскиот фестивал „Златно славејче“, Влатко Илиевски.

Гледаноста на руските краткометражни анимирани филмови „Маша и Медо“ на You tube надминува дури половина милијарда гледања, а телевизиската популарност во многу земји ги урива рекордите во гледаност.

Издавачката куќа „Култура“ ги доби издавачките авторски права за „Маша и Медо“ во Македонија. Боенките и сликовниците со ликовите на Маша и Медо кои се создадени од тимот на Егмонт Русија, а издадени на македонски и албански јазик можат да се најдат во сите продажни места на издавачката куќа „Култура“. Истовремено, за време на викенд настаните, посетителите исто така ќе можат да ги купат овие едиции. Едицијата „Маша и Медо“ засега брои четири црно бели боенки, една боенка насловена „Залепи и обои“ и 10 интерактивни сликовници.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ