Македонски ученици наградени на 8. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Од:

На осмата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која од 23-ти до 28 јуни се одржува во Белград, тројцата македонски ученици освоија два бронзени медала, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија.

Под раководство на лидерите, д-р Миле Јованов и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), учениците Димитар Бајрактаров од Струмица и Душан Терзиќ од Пробиштип освоија бронзени медали, додека трет македонски учесник беше Матеј Голубовиќ од Скопје.

На годинешната Јуниорската балканска олимпијада учествуваат тимови составени од најмногу четворица натпреварувачи, ученици до 15 години од Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и од Таџикистан.

– Овој успех покажува дека Македонија има квалитетен подмладок, кој ветува успеси и на идните интернационални натпревари, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија, кое традиционално го организира учеството на натпреварот, годинава со поддршка од ИТ-компаниите „Нордеус“ и „Ассеко – СЕЕ“ и Агенцијата за електронски комуникации.

Паралелно со натпреварувањето се одржа и вториот Математички гимназиски куп, во организација на белградската специјална математичка гимназија. Во конкуренција на 21 тим од 13 земји, македонскиот тим составен од Денис Рајхл, Мики Митевски, Горазд Димитров и Каролина Трајковска, под раководство на д-р Марија Михова, се враќа со освоени еден сребрен и три бронзени медали во областите информатика, математика и физика.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда