Честитка по повод рамазанските пости од претседателот на Собранието Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод почетокот на рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во државата.

– Овие пости нека ви донесат мир во душата, благодет во семејствата, среќа во заедницата, нека ја зголемат милоста кон сите оние кои ги познавате. Одбележувањето на празниците се потсетник за сите дека треба да си помагаме едни на други во хуманост и дека треба да покажуваме заедничка почит кон слободното изразување на религиозните различности, се вели во честитката од Вељаноски.

Убеден сум, нагласува тој, дека во Република Македонија и понатаму ќе градиме постојан дијалог за доброто на сите граѓани во нашата држава и ќе ја продолжиме традицијата на меѓусебно разбирање и толеранција без разлика на етничката и верската припадност.

Би можело да ве интересира

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

За Рамазан во Гостивар ќе има бесплатен леб за секое сиромашно семејство

А1он

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

Во пресрет на Рамазан, кризниот штаб на Маврово и Ростуше на средба со имамите од џамиите

А1он

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

Ана Ололовска