Светиот муслимански месец Рамазан во Саудиска Арабија и неколку други муслимански држави ќе почне утре, соопшти државната телевизија на во Ријад.
– Полумесечината, која го најавува Рамазан, не може да биде видена денеска, затоа месецот на постите ќе почне утре, јави државната саудиска телевизија.
Рамазан утре ќе почне и Обединетите Арапски Емирати, во Кувајт, во Катар, во Бахерин, во Египет, во Сирија, во Либан, во Алжир, во Тунис и во Судан. Во другите земји Рамазан почнува денеска.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот (лунарен) календар, еден е од двата најзначајни муслимански празници. Тоа е период во кој верниците се воздржуваат од јадење, пиење и телесни задоволства, од зори до заоѓање на сонцето. Рамазан трае 30 дена, кога настапува тридневниот рамазански Бајрам. Од постот поштедени се болните, бремените жени и тешки физички работници, верниците мора да се воздржуваат и од лоши зборови и дела.