Најмалку седум луѓе загинаа во последните 24 часа во поплавите што ја зафатија источната индиска држава Асам.
Под вода се делови од градот Гувахати, административниот центар на државата Асам. Поради поплавите предизвикани од обилните дождови 10.000 луѓе ги напуштиле домовите.
Во јули минатата година во Асам загинаа повеќе од 120 луѓе во најголемата поплава во последната деценија. Тогаш над 500.000 луѓе останаа без домови.