Поглаварот на Иславмската верска заедица на Република Македоија реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи упати порака до верниците по повод Рамазан.
– Месецот Рамазан е месец во кој е објавен Куранот како Патоказ за луѓето, јаснотии и по Показот и Одделувач на вистината од невистината. Па, кој од вас ке се најде во тој месец – нека пости тие денови…” (Ел Бекаре: 185)
Драги верници, браќа и сестри, Му благодариме на Возвишениот Алах кој уште еднаш ни овозможи да го доживееме благословениот месец Рамазан, да ги доживееме благословените и светли денови и ноќи на овој величенствен месец.
Во месецот Рамазан започна објавата на Чесниот Куран, објавата на најубавите мисли кои што јасно ги разграничуваат вистината од лагата, доброто од лошото, убавото од грдото.
Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога.
Постејќи во текот на овој величествен месец ние ќе ја сватиме по длабоко болката на гладните луѓе, ќе ги почувствуваме маките на сиромашните, на бедните и на немоќните луѓе.
Браќа и сестри, Вам и на вашите семејства нека ви е среќен и бериќетен Благословениот месец Рамазан и заедничко да го моламе Возвишениот Алах за да го прими од нас постот, и за тоа, Тој да не награди со своите ногранични награди.
Есселаму алејкум ве рахметулахи ве берекатуху, стои во пораката по повод Рамазан.