Кривична пријава за скопјанец поради криумчарење мигранти

Од:

Регионалниот центар за гранични работи Север до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.И. (47) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти МВР, вчера во 02:55 часот полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај на автопатот Велес – Скопје, на клучката кај Катланово сопрено е товарно возило марка „Форд транзит“ со струшки регистарски таблички сопственост на А.К., а управувано од пријавениот Д.И.

При контролата на возилото, во просторот за товар биле пронајдени 22 лица илегални мигранти, илегално влезени во Македонија и тоа: четворица државјани на Сомалија, четворица државјани на Коморе, шестмина државјани на Сирија, тројца државјани на Авганистан, по две лица државјани на Бангладеш и на Брегот на Слоновата Коска, како и едно лице државјанин на Египет.

Откриените лица илегални мигранти се на возраст 17 до 40 години, а меѓу нив две лица се жени.

Возачот на возилото појаснил дека вчера околу 01:00 часот, по претходно добиени насоки од негов пријател, а за надомест од 500 евра (кои требало да ги добие по завршената работа) Д.И. се упатил со возилото по автопатот од ГП „Богородица“ за Скопје и во непосредна близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“, до казиното „Принцес“ застанал со возилото и во него ги качил 22 илегални мигранти.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски