Вељаноски-Чичек: Економскиот развој ќе придонесе за решавање на политичките прашања

Од:

Македонија и Турција традиционално имаат добри пријателски односи, но се уште има простор за нивно подобрување и интензивирање, особено на економски план.

Добрите економски параметри, мирот и стабилноста ќе помогнат за надминување на политичките прашања за влез во НАТО и ЕУ, истакнаа денеска во Анкара претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Џемил Чичек.

Како што јави известувачот на МИА, Вељаноски се заблагодари за политичката поддршката што Македонија ја добива од Турција како за членството во НАТО и ЕУ, така и за други меѓународни активности и иницијативи, како што беше поддршката за наше членство во Советот за човекови права на ОН.

– Иако економската соработка е на високо ниво има простор за нејзино зголемување. Македонија е отворена за инвестиции и верувам дека по посетата на нашиот премиер во септември таа ќе се зголеми, рече Вељаноски. Македонија, потенцира тој, и покрај кризата има добар економски раст кој со уште нови инвестиции би можел да се зголеми.

Двајцата соговорници се согласни дека иднината на целиот Балкан е во европското семејство. И покрај предизвиците со кои се соочува, истакна тој, Македонија треба да се усмери кон економски напредок, кој ќе и помогне да се надминат политичките прашања.

Турските граѓани во Македонија, посочи Вељаноски, се лојални на државата, многу ценети и даваат значаен импут на мултиетничноста на државата.

Во однос на парламентарната соработка, претседателот на Собранието го покани Чичек и турските пратеници да ја посетат Македонија. Најави скоро формирање на работните групи за соработка со парламентите на други држави во македонското Собрание, имајќи предвид дека новиот состав се конституираше во мај.

Претседателот на Големото турско национално собрание Чичек рече дека Македонија е клучна држава на Балканот. Турција, потенцираше тој, и дава поддршка на Македонија за решавање на спорот со името и за влез на земјата во НАТО и ЕУ. – Се надеваме дека ќе го решите проблемот со Грција за името, посочи Чичек.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски