Градот Скопје информира дека нема законска можност да обештетува при вонредни ситуации

Од:

Градот Скопје реагира на соопштението на Општина Центар “ДОКОЛКУ ВЛАДАТА НЕМА СЛУХ, ОПШТИНА ЦЕНТАР САМА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ”.

Градот Скопје информира дека во рамките на своите законски надлежности нема можност да обештетува при настанати вакви состојби.

Нас не ни е јасно од кои причини Општина Центар, во ова нејасно и конфузно соопштение, се повикуваат на Град Скопје како институција. Градот Скопје не се оградува од никаква одговорност и апелира Општина Центар да се однесува согласно законските прописи, како и дадените насоки од Владата на Република Македонија.

На двесте и осмата Седница на Владата на Република беше донесена одлука со која се дава препорака на сите единици на локалната самоуправа и Градот Скопје да формираат комисии за проценка и утврдување на штетите од елементарните непогоди настанати од поплавите, да излезат на терен со цел да се утврди настанатата штета (состојба) и до Министерството за финансии да ја достават извршената проценка.

Уште на самата вечер на поплавите, заседаваше Градскиот штаб за заштита и спасување, кој ги мобилизираше екипите на сите јавни претпријатија и Противпожарната бригада на Град Скопје и веднаш интервенираа на сите кризни точки. Во интервенциите беа вклучени над 300 лица и целокупната механизација на овие претпријатија.

За оваа состојба дискутираа и сите градоначалници на Координативното тело на градоначланици на Скопје, каде согласно договореното, во сите општински комисии за процена на штети учество ќе земе и по еден претставник на Градот Скопје.

Градот Скопје ги реализира сите активности за кои има законска обврска и се придржува до сите активности кои беа договорени на Координативното тело на градоначланици на Скопје, па оттаму оваа реакција за нас е нејасна.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски