Поради прекин во дотекот на електрична енергија, терминалот за домашни летови на аеродромот во Сиднеј денеска остана затворен речиси три часа, јави ДПА.
Хаваријата на аеродромот се случи на првиот ден од летниот распуст на австралиските ученици, кога голем број лица заминуваат или пристигнуват во Сиднеј.
Поради прекинот на струја неколку илајди лица останаа заглавени на Терминалот 2 на аеродромот, бидејќи компаниите „Вирџин“, „Џетстар“ и „Рекс“ ги одложија своите летови.
Во исто време, летовите на австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ се реализираа без откажувања, бидејќи неговите авиони беа пренасочени кон Терминалот 3.