Кривична за поранешен раководител на струшкиот „Колектор“

Од:

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот А.В. од струшкото село Радолишта кој е осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице- раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари.

– Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер но и да има предходна одлука на Управниот одбор на претпријатието, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан ДИмоски.

Според Димоски, А.В. искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на јануари 2009 година, овозможил од работната единица „Колектор“ утовар на старо железо со извесен состав на бакар во вкупна тежина од 44.040,оо килограми.

За товареното старо железо, Јавното претпријатие „Проаква“ наплатило износ од 59.500,оо денари со истовремено книжење на фактурата и изводот по што книговодствено случајот бил затворен.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски