Почина актерката Перихан Туна Ејупи

Од:

По тешко боледување, на 59-годишна возраст почина доајенот на Турскиот театар Перихан Туна Ејупи.

Од 1972 година Перихан Туна Ејупи е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде има одиграно голем број улоги. Таа ќе биде запаметена по многу успешно одиграни улоги, како Коштана, Зона Замфирова, Инџи и Мехтап во „Женички“, Рабија во „Дневник на стравот“, Агафија Тихоновна во „Женидба“, Клодија во „Тетовирани души“…

Добитник е на наградата за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во 1997 година, а во 2005 година е прогласена за актер на годината. Со години настапуваше на манифестацијата „Актерите пеат“.

Во Театар Комедија утре во 10.30 часот ќе се одржи комеморативна седница, а погребот ќе биде на гробиштата Бутел.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“