Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на посетата на Велес изврши увид на градежните работи на реконструкцијата на мостот Гемиџии.
Реконструкцијата на мостот почна во февруари годинава. Ова е прва негова посериозна и целосна санација, а инвестицијата е во вредност од близу 32 милиони денари.
Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 и 1960 година. Долг е 172 метра, широк 11,3 метри, а ширината на коловозот е седум метри. Досега со исклучок на малата поправка од пред шест-седум години, не е целосно саниран.
Санацијата се одвива во неколку фази и предвидено е да трае една година.
Mостот имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловoзите и тротоарите.
Премиерот во рамки на посетата во Велес ќе присустува на пуштањето во употреба на Градскиот стадион, новоизградениот парк „Васил Главинов“ и новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.