Премиерот Груевски се сретна со британските парламентарци Доел и Ламли

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со парламентарците од Велика Британија, Гема Доел и Карен Ламли.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми и прашања за кои соговорниците размениле мислења.

Премиерот Груевски ги запознал соговорниците со реформите и мерките кои се преземаат и имплементираат во насока на исполнување на критериумите за влез во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ, како и мерките кои се во функција на подобрување на стандардот на граѓаните.

Истовремено, премиерот Груевски потенцирал дека за Република Македонија е од значење добивањето на поддршка од Обединетото Кралство во остварувањето на стратешките цели, при што изразил благодарност за досегашните заложби со очекување дека во периодот што претстои таквата поддршка ќе биде интензивирана.

Груевски изразил задоволство од развојот на односите со Велика Британија, како на политичко, така и на економско ниво, што може да се забележи со повеќе инвестиции кои доаѓаат токму од Велика Британија. Тој посочил дека тоа е добра основа за дополнително интензивирање на економската соработка преку искористување на расположливите потенцијали, на што активно како Влада се работи, за што потврда се и неколкуте економски посети на Обединетото Кралство кои ги остварија владини делегации.

На состанокот се разговарало и за актуелни теми, прашања и предизвици од повеќе сфери, при што биле разменети мислења и согледувања за начините за нивно надминување, за што премиерот Груевски искажал отвореност и волја да се разговара и да се унапредат процесите.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски